Расел Кроу твди дека е во директно крвно сродство со последниот човек егзекутиран со сечење глава во Англија, припадник на движењето на јакобитите, кој бил вклучен во политичките интриги на своето време. Јакобитите (немаат врска со француските јакобинци) биле приврзаници на протераниот крал Џејмс Втори од династијата Стујарт, кои го добиле своето име по тоа што латинскиот еквивалент на Џејмс е Џејкоб. Името на роднината е Сајмон Фрејзер или 11-тиот лорд Ловат, кој бил убиен на возраст од 80 години во 1747, во Лондонската кула, по судење за велепредавство.
Егзекуцијата била толку важна за кралот Џорџ Втори, што монархот наредил да бидат поставени дополнителни клупи за гледачите кои сакале да го сведочат настанот. Но една од овие платформи пропаднала само неколку моменти пред извршувањето на смртната казна, убивајќи деветмина. Легедната вели дека ова било масло на самиот Фрејзер, со прекар Стариот Лисец, кој додека го гледал сето ова се кинел од смеење, а насмевката не ја симнал ни кога му ја спуштиле главата за да го егзекутираат. Токму од овој настан потекнува и изразот на англиски - laughing his head off или буквално губејќи ја главата од смеење.
Поврзаноста на Расел Кроу со него е преку страната на неговата баба по татко. Нејзин роднина бил Џон-Џок Фрејзер кој пристигнал во Нов Зеланд во 1841, а кој пак бил роднински поврзан со спомнатиот Сајмон. Се обложуваме дека наскоро ќе гледаме филм за ова.