На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во вторник, 1.11 во 11 часот ќе се одржи предавање на проф. Матеја Хабинц од Универзитетот во Љубљана, под наслов: „Немаме веќе предрасуди: купувањето на облека од втора рака како знак на европска припадност“.
Во склоп на предавањето, веднаш по него се организира акција на размена на предмети на отворено пред долната зграда на ПМФ (околу 12.30 часот).
Може да се донесат нешта за размена или за донирање: делови од облека, бижутерија, книги, играчки и др. Важно: предметите треба да бидат чисти и употребливи. Она што ќе остане неразменето ќе биде донирано на Црвениот крст на град Скопје.