На 3.11.2026 (вторник) со почеток од 18 часот во Кинотека ќе се одржи 12-тото издание на ЕТНОФФ - меѓународен фестивал на етнографски филм. Организатор е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД).
Влезот на проекциите е бесплатен. Синопсисите за филмовите се во продолжение на програмата.
БЛОК 1 | 18:00 - 19:20 часот
18:00 - 18:15 Светиот гроб / Fossa Santa 15’
18:15 - 18:25 Звукот на дрвото / The Sound of the Tree 11’
18:25 - 18:45 Сафура / Safoora 18’
18:45 - 19:20 Назарбанд / The Nazarband 35’
Отворање на изложба на фотографии „Експедиција во Преспа - сведоштва на 44 преспански села“ | 19:20 - 19:40 часот
БЛОК 2 – Филмови на Вера Кличкова | 19:40 - 21:00 часот
19:40 - 20:10 Азот (1952/53 г.) 30’
20:10 - 20:38 Рибарство во Каталановско Езеро (1956 г.) 28’
20: 38 - 21:00 Русалиски обичаи во Гевгелиско (1955 г.) 23’
БЛОК 3 | 21:15 - 23:20 часот
21:15 - 21:30 Помеѓу дождот и верата 13’
21:30 - 21:45 Ресенско ѓомлезе 17’
21:45 - 22:10 Свеќарот од Битола 21’
22:10 - 22:40 Гледано оттука, чувствувам дека припаѓам / Seen From Here, It Feels Like Belonging
СИНОПСИСИ
Светиот гроб / Fossa Santa
Режија: Паоло Винати
Година 2026
Времетраење: 15 минути
Земја на потекло: Италија
Во црквата во Колфоско во Вал Бадија, секоја година за Велигден се поставува светиот гроб: сценографија создадена во XIX век, која има голема историска и уметничка вредност и прикажува различни сцени од страдањата на Исус Христос.
Звукот на дрвото / The Sound of the Tree
Режија: Емели Викторија Исаксен и Маргерита Вита
Година 2025
Времетраење: 11 минути
Земја на потекло: Италија
Во две села во Базиликата, јужна Италија, Винченцо и Квирино изработуваат гајди (зампоњи) од дрво од околните шуми. Винченцо ја бара совршената боја на звукот, со речиси научно изострен слух. Квирино ја памети музичката историја на регионот, но слуша поинаку - за него звукот се раѓа во самиот процес на изработка. За двајцата, музиката ги обновува врските со пределот и со заедницата на која ѝ припаѓаат.
Сафура / Safoora
Режија: Парвиз Ростеми
Година 2025
Времетраење: 18 минути
Земја на потекло: Иран / Источен Курдистан
„Сафура“ е краток етнографски документарец снимен во планинскиот регион Хавраман, на планинскиот венец Загрос, кој следи обред предводен од жени и посветен на Сафура Хатун, легендарна личност поврзана со древната божица Анахита. Секоја година жените се собираат за да принесат бескрвна жртва, за која се верува дека ги исцелува болните и носи дожд и плодност. Преку традиционалната музика на даф, состојбите на транс и заедничкиот обред, филмот ја истражува улогата на жените во зачувувањето на духовна традиција на која ѝ се заканува исчезнување, а во која митот, сеќавањето и културните практики остануваат длабоко испреплетени.
Назарбанд / The Nazarband
Режисер: Алиреза Сардашти, Иран, 36 мин., 2026 год..
Древното верување во уроци - дека туѓата завист може да донесе несреќа - сè уште е присутно во многу култури. Во еден град во јужен Иран, меѓутоа, ова суеверие не е само верување, туку е длабоко вкоренето во секојдневниот живот, каде што стравот, традицијата и истрајноста се испреплетуваат во општественото ткиво.
Блок посветен на Вера Кличкова
Азот 1954г.
Месноста Азот, што се протега по течението на реката Бабуна до нејзиниот средишен тек, е населена со Брсјаци, а во две нејзини населби живеат Мијаци. Од несловенско население во едно село живеат Албанци. Филмот, всушност, претставува реконструкција на дел од битовото живеење во оваа географска оаза, реконструкција на обичаите што се практикуваат при свадбите и при негувањето на култот кон мртвите. Исто така, реконструирана е и севкупната стопанска дејност: качарството, склопчарството, ковчегарството, а посебен акцент му е посветен на сточарството и на обичаите врзани за него: објагнување на првото јагне, стрижењето на овците и сл. Жените припаднички на брсјачко-мијачкиот род своето време наполно го посветуваат на домаќинството, а ретките слободни мигови ги минуваат во подготовка на волната за изработка на ткаенини.
Рибарство во Каталановско Езеро 1964
Многубројните начини на риболов во Катлановско Езеро и обичаите околу риболовот коишто не постојат повеќе поради исушувањето на езерото.
Русалиски обичаи во Гевгелиско 1957
Документарниот филм во детали го прикажува значењето на играта, ората и адетите во Гевгелискиот крај. Во тамошните села се силно зачувани ритуалите кои водат потекло од древниот пагански период со елементи од шаманизмот. Сите обичаи се поврзуваат со Русалиите, а самиот збор значи „Розалија“ од цвеќето роза, посветен на култот на мртвите. Документарниот филм би бил нејасен, во однос на местата и дешифрирање на обичаите без деталниот коментар на нараторот во оф-тон.
Помеѓу дождот и верата 13’
Ресенско ѓомлезе 17’
Свеќарот од Битола 21’
Seen From Here, I Feel Like Belonging / Гледано одовде, чувствувам дека припаѓам
Режија:Леон Емондс-Пул и Емилија Аухаген-Куопамаки
Година: 2025 година
Земја на потекло: Холандија
Јуни 1971 година. Во предел со променлив воден пејзаж, кој целосно се наоѓа под нивото на морето, млад студент по биологија умира во последната година од студиите, оставајќи зад себе недовршена научна збирка. Повеќе од педесет години подоцна, група еколози и волонтери се обидуваат да ја истражат и документираат состојбата на истата природна средина денес.