
Непотизам означува пракса на давање предност, привилегија или позиција на роднини во одредено занимање или област, како бизнис, политика, образование, медицина итн.
Потеклото на терминот е од латинското „непос“ што значи внук. Католичките папи и бискупи, кои земаат завет за целибат и оттаму немаат легитимни биолошки наследници, ургирале нивни внуци да добиваат високи позиции во црквата и вон неа, како да им се синови (внуките биле секако во втор план). Истото би го правеле и со деца кои биле вонбрачни и резултат на прекршен завет за воздржување од сексуални односи - тие еуфемистично биле нарекувани „внуци“ наместо синови.
Постоела дури и формална позиција „кардинал-внук“, за да означи кој кардинал бил назначен од папа што му бил роднина. Последниот ваков транспарентен случај бил во 1689 (можеби ги имало и подоцна но не биле толку „апла“). Во 1692 на сила стапила папска анти-непотистичка „була“ (одредба, закон), но до тогаш имало најмалку 15, а можеби дури и 19 папи кои на должноста кардинал стапиле како внуци на претходните.
Непотизмот е блиску поврзан со терминот „кронизам“, кој означува привилегирана позиција на пријател, или со „фаворитизам“, пристрасност базирана на припадност на одредена група.