
Британскиот борд за сирење е во потрага по химна која би го промовирала британскиот чедар - вид тврдо сирење (или по нашки, кашкавал) кое почнало да се произведува пред повеќе од 800 години во истоименото село во областа Сомерсет. Од 150-те пристигнати предлози Бордот одбрал пет финалисти, за кои може да се гласа на сајтот на организаторот. Наградата е годишен дотур на ова сирење и две пропусници за некаков фестивал на храна и музика во септември.
Еве некои од нив, кои се издвојуваат по нивните музички и книжевни квалитети. Пример: „Чедар, ти си моја Венера/Чедар, ти си мојот свет/Ништо нема да застане меѓу нас/неспоредливо засирување".
Одма да се отвори конкурс за свечени песни за пелистерско козјо, галичко овчо и кумановско кравјо. Или барем за онаа урдата со пиперки, од каде и да е. Химната за последново обавезно да го содржи зборот „петок“.