Џејми има напишано десетина книги за англиска, италијанска, брза, американска, школска храна, но неговата најнова книга е за едноставна, домашна храна или comfort food (удобна, утешна храна). Со негови зборови,
„Сomfort food има многу широк опсег, И тој е комплетно субјективен. Оваа храна прави како некој да те гушка. Не е она што обично го сметаме за чиста, здрава, супер храна - таа содржи по малку јаглени хидрати кои ви ги поттикнуваат сите тие прекрасни среќни хормони, и поттикнува да се чувствувате сити и комплетни".
Во интервју за NPR, тој го претставува својот нов готвач (засега достапен само со тврда корица, на 406 страници), кој содржи токму вакви рецепти, кои заради времето кое треба да им го посветите си бараат празник, викенд или годишен одмор. И не е само јадењето на ваквата храна удобно и пријатно, туку исто такво е и готвењето.
„Брзата храна знае да биде фантастична, со вок-от и печењето на скара, процесот е многу динамичен, но има нешто прекрасно и во тоа да ги ставаш работите во она што се вика рерна, и само да чекаш. Питите се такви, и ребрата, убавите ребра - ним едноставно им треба време"
Ако не ви дојде веднаш да скокнете и да ги ставите мевцата што ги чувате за Божик уште од сега во маринада за да се погушкате со нив, целото интервју тука