Трејлерот е интересен жанр, а неговата интересност почнува од самото име. Trail означува трага, нешто што останува позади превозни средства, животни и луѓе, или нешто што е влечено, приколка. Toa e контрадикторно со денешната употреба на овој краток филмски жанр, како нешто што доаѓа пред главната програма.
Во краткиот филм „Историја на трејлерот" се тврди дека најстариот датира од 1913, но тој се однесува на театарска претстава под наслов „Трагачи по задоволство", со снимки од пробите. Еден месец подоцна излегува првиот вистински филмски трејлер, за „Авантурите на Кетлин", „серијализирана авантуристичка приказна", жанр кој сега го знаеме како „серија". Во неа прв пат се користени „клифхенгери", неизвесни завршетоци на секоја епизода и најави - трејлери - за она што ќе се гледа во следната.
Тогаш овој термин точно го опишувал местото на рекламата, по главниот игран дел. Но дали трејлерот е пред или по филмот зависи и од самото гледачко искуство. Додека ние денес влегуваме во кино, гледаме реклами и трејлери, па филмот, и си одиме, во раните денови на киното филмовите се прикажувале континуирано, во луп, а гледачите можеле да дојдат и да си одат кога сакаат, често пати доаѓајќи среде филм и заминувајќи на следното „среде". Оттаму, кога се паѓал трејлерот и не било толку важно.
Промената настапила во 1930-тите, кога студијата почнале да ја сфаќаат промотивната вредност на трејлерите, па не ги мешале среде главната програма туку почнале да ги ставаат на самиот почеток, за да бидат сигурни дека гледачите ќе дојдат повторно следната недела.
Денес трејлерите се обвинувани за истост, односно за „естетско рециклирање". Сите се правени по одредена структурна и стилистичка формула (види тука), и ретки се примерите на обид за излегување од оваа шема. Токму затоа е воспоставена награда - Златен трејлер (при што визуелно трејлерот е навистина приколка). Таа се доделува веќе 16 години, а оваа дури во 78 (?) категории. Еве некои од нив, кои беа доделени на 6 мај во Saban Theatre на Бродвеј.
Best of Show
Furious 7 "Family", Universal Pictures, AV Squad
Best Action
Furious 7 "Family", Universal Pictures, AV Squad
Best Animation / Family
Big Hero 6 "Find Your Way", Disney, Trailer Park
Best Comedy
Ted 2 "Civil Rights: Trailer 2?, Universal Pictures, AV Squad
Best Documentary
Life Itself, Magnolia Pictures, Mark Woollen & Associates
Best Drama
Selma "The People", Paramount, Buddha Jones
Best Independent Trailer
Boyhood, IFC Films, Mark Woollen & Associates/Empire Design
Best Fantasy Adventure
The Hunger Games: Mockingjay Part 1 "Courage of One", Lionsgate, Outpost Media
Best Horror
Woman In Black 2: The Angel of Death "Forgive", Relativity Media, Buddha Jones
Best Music
Guardians of the Galaxy "Outlaws", Disney, mOcean
Best Romance
Paper Towns "Find Yourself", 20th Century Fox, TRANSIT
Summer 2015 Blockbuster Trailer
Avengers: Age Of Ultron "Strings", Disney, mOcean
Best Teaser
Interstellar, Paramount Pictures/Warner Bros., Ignition Creative
Best Thriller
American Sniper "Confirm", Warner Bros., mOcean
Best Video Game Trailer
Batman: Arkham Knight "Gotham is Mine Trailer", WB Games, Hammer Creative
Golden Fleece
The Giver "Community", The Weinstein Company, Buddha Jones
Most Original Trailer
Mad Max: Fury Road "Mad", Warner Bros., Trailer Park, GTA 16 & Rentrak
Best Opening Weekend Award
Furious 7, Universal Pictures
The Don LaFontaine Award for Best Voice Over
Inherent Vice "Higher", Warner Bros., Aspect
Ја издвојуваме оваа категорија и самиот трејлер:
Trashiest Trailer (Најтреш трејлер)
What We Do In The Shadows, Unison Films, Jump Cut