- Драго Јанчар, кој гостува во Скопје на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, вечерва (понеделник, 18.09) во 18 часот ќе се сретне со своите читатели во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Ќе бидат промовирани романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик, во издание на „Арс ламина – публикации“.
- Преводот на двата романа од словенечки јазик е на Дарко Спасов. Разговорот ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот.
- „Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. „И љубовта“ е објавен во оригинал во 2017 и исто како и претходниот роман е носител на наградата „Кресник“. Насловот е позајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата, по окупацијата на Југославија од германските сили.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.