- Неодамна сајтот it.mk пренесе интервју со Стојанчо Туџарски, кој на друштвените мрежи споделил дел можностите на имплементацијата на моделот на GPT-2 од Open AI прилагоден за македонски јазик. Една од нив е што вештачката интелигенција може да „пишува“ поезија копирајќи го стилот на Блаже Конески. Негов претходен експеримент се однесува на копирање на стилот на Шекспир, на англиски.
- Според Туџарски нема разлика помеѓу тоа кога се тренира вештачката интелигенција на англиски и македонски јазик во однос на софтверскиот код. Но има разлика во појдовните модели, при што оној за македонски требало да биде трениран од почеток.
- „Веќе имам собрано текстови потребни за тренирање на модели кои автоматски би генерирале поезија во стилот на Кочо Рацин и Ацо Шопов, во соодветен формат подготвен за тренирање на невронската мрежа. Во план се и српски писатели, со оглед на тоа што веќе го имаме истренирано GPT-2 за српскиот јазик. Секако, таму нема да застанеме :-)“, изјавува авторот на проектот во интервјуто. Тој не е ни запрашан, па не ни одговара на прашањето - чуму сето ова?
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.