Ѓоко наш, силен маш
23 декември 2021
- Во статија која е дел од серија написи во „Нова Македонија“ за тоа каде се и што работат нашите некогашни најдобри дипломци, се запознаваме со Ѓоко Здравески, поет, преведувач и лектор, некогашен студент на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет на УКИМ.
- Ѓоко потсетува на времињата кога со месеци се подготвуваа испити, а и на живописни ликови на професори, како Науме Радически, на чии испити постојано била пуштена чешмата, за тие „да течат ко вода“.
- Пред да биде избран за лектор по македонски јазик на Сорбона, тој работеше како библиотекар на спомнатата катедра, наследувајќи го местото од легендарниот Љубимир Тошев - Кент, за кого што направи специјална подкаст епизода.