Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Белграѓаните Дима Мидборн и Интурист за прв пат во Скопје

3 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 4 септември (петок), во Лабораториум, публиката во Скопје за прв пат ќе има можност да ги слушне во живо Дима Мидборн и Интурист – два проекти кои во моментов гравитираат околу современата белградска музичка сцена и се наоѓаат на балканска турнеа. Локална поддршка на настанот е Леа Карине, нов скопски бенд чиј деби албум веќе привлекува внимание и надвор од локалните рамки.
  • Дима Мидборн е авангарден рок проект на музичар и продуцент базиран во Белград, чиј пристап кон музиката се темели на минимализам – бас, глас, ритам и импровизација. Звукот црпи инспирација од њујоршкиот њу вејв, арт рок и минималистичкиот поп. Во април оваа година го објави својот најнов албум, „Случај“.
  • Заедно со него настапува и Интурист, музичкото алтер его на Евгениј Горбунов, продуцент, мултиинструменталист и автор чиј пристап кон музиката постојано ги поместува нејзините граници. Неговиот звук се движи низ широк спектар од авант-рок, пост-панк, њу вејв, фри џез до експериментална електроника, споени преку импровизација, хумор и интерес за апсурдот на секојдневието. 
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

„Фикции“ на Игор Тошевски во Јадро

21 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ во Скопје на 22 септември (вторник) во 20:00 часот, ја отвора самостојната изложба на македонскиот уметник Игор Тошевски насловена како „Фикции“. Преку неа тој претставувајќи авторски концепт кој директно ја преиспитува врската меѓу илузијата и секојдневната општествена реалност.
  • Поставката гради мост помеѓу естетиката на филмскиот ноар од средината на минатиот век и современата критичка теорија, користејќи драматична типографија на платна во комбинација со таканаречени „редимејд“ предмети. Преку остри контрасти и сенки, Тошевски создава простор на неснимени филмски сцени, ставајќи го секој посетител во позиција на истражувач кој треба да ја препознае тензијата помеѓу визуелниот знак, физичкиот труд и наметнатата перцепција.
  • Овој уметнички проект не останува затворен во елитните академски кругови, туку преку препознатливи сцени и предмети испраќа порака за манипулацијата со информациите и вистината во јавниот простор. За домашната публика, изложбата претставува можност за соочување со начинот на кој медиумските наративи го обликуваат секојдневието, поставувајќи прашање каде завршува фикцијата, а каде започнува реалниот живот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
2

Фрли Бугарче, фати крапче

Балканштина
3

Ни секунда не прекинаа

Балканштина
4

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Балканштина
5

Леонард Коен, шегаџија

Забава
6

Швајцарски навивачи во голем број доаѓаат во Скопје

Навивачи
7

Југославија повторно се обединува

Балканштина
8

Богати и славни

Македонштина
1

Букбокс гледанка: „Тони“ (2026) или - одма давајте нов филм за Бордејн!

Гледанка
2

Нетфликс го враќа озлогласениот затворски експеримент на Стенфорд – овојпат како реално шоу

Bookbox
3

Колку е всушност голем пеколот?

Bookbox
4

Зошто италијанските фашисти биле опседнати со самураите?

Bookbox
5

Ако случајно ви затреба - рецепт за колач со кој се откриваат вештерки

Bookbox
6

Гркинката зад човекот што го откри пеницилинот

Bookbox
7

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

8

Рулбук - ново место за друштвени игри во Скопје

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Македонија меѓу Бугарија и Косово

Балканштина

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Ни секунда не прекинаа

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Боки 13, next generation

Македонија до Токио

Тито & Киро гоус ту Холивуд

Поинаква кино димензија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy