Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Фикции“ на Игор Тошевски во Јадро

21 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ во Скопје на 22 септември (вторник) во 20:00 часот, ја отвора самостојната изложба на македонскиот уметник Игор Тошевски насловена како „Фикции“. Преку неа тој претставувајќи авторски концепт кој директно ја преиспитува врската меѓу илузијата и секојдневната општествена реалност.
  • Поставката гради мост помеѓу естетиката на филмскиот ноар од средината на минатиот век и современата критичка теорија, користејќи драматична типографија на платна во комбинација со таканаречени „редимејд“ предмети. Преку остри контрасти и сенки, Тошевски создава простор на неснимени филмски сцени, ставајќи го секој посетител во позиција на истражувач кој треба да ја препознае тензијата помеѓу визуелниот знак, физичкиот труд и наметнатата перцепција.
  • Овој уметнички проект не останува затворен во елитните академски кругови, туку преку препознатливи сцени и предмети испраќа порака за манипулацијата со информациите и вистината во јавниот простор. За домашната публика, изложбата претставува можност за соочување со начинот на кој медиумските наративи го обликуваат секојдневието, поставувајќи прашање каде завршува фикцијата, а каде започнува реалниот живот.
извор

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

12 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
  • Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
  • „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
  • За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.
извор

11-то издание на Киненова од 14-18 октомври

11 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Оваа година фестивалот е под мотото НА ПРВО СВЕТЛО, ја осветлува „новата траса од патот кој го гради КИНЕНОВА“, како што изјави на прес конференцијата посветен на годинешното издание директорот Небојша Јовановиќ.
  • Оваа година Киненова носи 6 исклучителни, врвни по многу нешта, дела на светската кинематографија, кои долго ќе предизвикуваат дискусии и прашања за особено актуелните приказни и теми кои ги обработуваат.  На програмата се: THREE WEEKS LATER на Мирослав Терзиќ, IN THE SHADOW на Салем Салавати, YESTERDAY THE EYE DIDN’T SLEEP на Ракан Мајаси, FANTASY на Кукла Кешеровиќ, KURAK на Ерке Џумакматова и THE SHOES OF MY FATHER на Христо Симеонов. 
  • Фестивалот свечено ќе биде отворен на 14-ти октомври, во киното Фросина во МКЦ со најновиот филм на Мирослав Терзиќ, познат на публиката на КИНЕНОВА по претходниот филм ШАВОВИ. Сите филмови потоа се селат во киното во Кисела вода. 

Целосната програма со округли маси и работнилници тука 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Два различни родителски пристапа

Балканштина
2

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Работа
3

Ла Лига прашува: Каде е Димитриевски?

Фудбал
4

Тачдаун

Онака
5

Драги млади луѓе

Забава
6

Маск ѝ го исклучи Starlink на Украина

7

А вие за Груевски се чудевте

Македонски рулет
8

Безбедно ли е за Груби на слобода?

1

Букбокс интервју со Нина Николиќ: „Сите сме виновни и никој не е амнестиран“

Bookbox
2

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 2: 11 Октомври во Варшава, два филма, три ракии и едно деколте

Bookbox
3

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Bookbox
4

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

Bookbox
5

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 1: Едно име имаме, билдери и проклети мажи

Bookbox
6

Шерлок Холмс бил правен по лик на Едгар Алан По?

Bookbox
7

Букбокс гледанка: „Горчлив Божик“ (2026)

Bookbox
8

11-то издание на Киненова од 14-18 октомври

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Балканштина

Деманти се за наивни

Балканштина

Еволуција на еден разговор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Алкохолна родова рамноправност

Минатото пусто да остане

Катна гаража неќе пасти

Македонски полицајци со потенцијал за Пулицер

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy