- Гости на 12. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и нашите автори Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Свеченото отворање е на 15 септември во 20 часот во Даут-пашиниот амам.
- Српскиот писател Владимир Пиштало е годинашен добитник на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена лично на 17 септември 2024 година, на свеченото затворање на фестивалот на 17-ти.
- Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува и 11-тата програма „Скопје фелоушип“.
Целата програма тука.
- Новото издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), што ќе се одржи од 4 до 9 ноември, се враќа по тригодишна пауза со богата програма и македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ.
- Во главната конкурентска програма под насловот „Дијалози“ се осум филмови - „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“, „Спирала“, „Изабел“, „Нема рај ако ти убие жена“, „Отфрлен“, „Чувство на дом“, „Мизерна мајка“ и „Тивки ноќи“. Во рамите на програмата ќе бидат прикажани и филмовите „Фјорд“ и „17“ и „Електричен бакнеж“, кои се надвор од конкуренцијата. Во програма насловена „А1 Кинотека“ со почеток од 13 часот ќе бидат прикажани филмови од богатата српска кинематографија.
- Затворањето на фестивалот и поголем дел од проекциите ќе се одвиваат во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар. Целосната програма тука, карти достапни на МКТикетс.
- Во среда, 4 ноември, со почеток од 19 часот, Концепт кафе Шума ќе биде домаќин на уникатна фотографска изложба насловена „Чајанка“, чија авторка е истакнатата млада визуелна уметница Емилија Сандиќ. Настанот се организира во рамките на активностите на Зрно фестивал, посветен на промоција и истражување на алтернативните фотографски процеси.
- Серијата фотографии е настаната во процес на истражување на ретката и фасцинантна техника mordançage — алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира – слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата.
- Со изборот на мотивот — растенија од кои се подготвува чај — во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја.