Можно ли е да се живее без оговарање?

Една меѓународна христијанска заедница, основана во Германија во 1920-тите, која промовира колективистички начин на живот инспириран од раното христијанство, веќе сто години се обидува да го искорени озборувањето и да промовира радикална отвореност во комуникацијата. Успешно? Па, не баш.

Брудерхоф е христијанска заедница официјално основана во Германија во 1920-тите. Нејзините членови проповедаат рано христијанство, во кое нема приватна сопствност а има едноставен начин на живот, ненасилство и заедничко воспитување на децата. Денес Брудерхоф постои во Германија, Велика Британија, СAД и Австралија со неколку илјади членови во десетици заедници. 

Основач бил Еберхард Арнолд (1883-1935), доктор по теологија и филозофија, дел од интелектуалните кругови во Германија. Откако бил длабоко разочаран од институционалното христијанство, особено по Првата светска војна, одлучил да формира заедница во која Христовата порака мора буквално да се живее, а не само да се проповеда. Бил особено свесен за моќта на говорот и деструктивноста на озборувањето, односно како што тој велел - „вистина искажана без љубов“. Денес неговите ставови се цитираат и вон религиозен контекст, особено во областа на етиката на комукации, токсичната и „кенсл“ културата. 

Првото правило на заедницата, напишано во 1925 година од Арнолд и денес останува темел на нивниот заеднички живот. Според многумина, без него заедницата одамна би се распаднала под притисокот на бројните кризи низ кои минала. Тоа е едноставно, но радикално: не постои друг закон освен законот на љубовта. Љубовта значи радост во присуството на другите, а таму каде што има радост, нема место за лутина, раздразливост и зборување зад грб. Затоа, секое озборување – дури и во семејството – е неприфатливо. Единствениот исправен пат кога некој нè повредил е директен разговор со таа личност, како чин на љубов, а не напад.

Ова правило е инспирирано од Евангелието по Матеј, 18:15 - „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо: ако те послуша, си го придобил брата си“, каде се советува конфликтите најпрво да се решаваат лице в лице, со простување и трпение. 

И по сто години, членовите на Брудерхоф се свесни дека озборувањето може за една ноќ да ја уништи и најхармоничната заедница. Иако формите на комуникација се смениле, опасноста останала иста. Дали правилото функционира? Не секогаш. Озборувањето е длабоко вкоренето во човечката природа. Дополнително, „директниот говор со љубов“ лесно може да се претвори во сурова искреност без емпатија. Постојат и суптилни начини да се заобиколи правилото – гестикулации, погледи, иронични коментари што пренесуваат порака без зборови.

Проблемот не е само во зборувањето, туку и во слушањето озборувања. Пасивното учество е исто толку штетно. Иако некои тврдат дека озборувањето е начин за испуштање на стрес или социјален вентил, искуството покажува дека тоа може брзо да премине во недоверба, анксиозност и прикриена омраза. Библијата, но и бројни духовни учители, постојано предупредуваат на моќта на јазикот – дека може да создаде живот, но и да уништи односи неповратно („јазикот коски нема, но коски крши“).

Клучното прашање секогаш се сведува на намерата: дали зборуваме за некого за да најдеме решение и да зачуваме однос, или за да се оправдаме себеси, да се изгребеме сочувство или да се чувствуваме надмоќно?

3 јануари 2026 - 09:10