Зипувана автобиографија

Младиот Боуви

Во ноември 1970. Боуви му го напишал следново писмо на Боб Грејс, човекот со кого го потпишал првиот петгодишен договор, и на кратко му го раскажал дотогашниот живот. Имал 24 години.

17. ноември 1970

Хадон Хол

г-дин Боб Грејс
Хрисалис Мјузик
388/398 Оксфорд стрит
Лондон

Драг Боб,

Роден сум во Брикстон и одев во некои училишта и студирав уметност. Потоа се вработив во една рекламна агенција која не ми се допадна многу. Заминав и се придружив на некои рокенрол бендови каде свирев саксофон, и пеев нешто што никому не му се допадна.

Бидејќи веќе бев битник, морав да бидам хипик, и бев многу тежок, и напишав многу песни на некои плажи, и на некои луѓе им се допаднаа. Потоа ја снимив „Спејс одити" и направив нешто пари, и ги потрошив, што на сите им се допадна.

Сега имам 24 и женет сум и воопшто не сум тежок и сè уште пишувам и жена ми е бремена што мене многу ми се допаѓа.

Со љубов,
Дејвид

Потсетување на текст во Букбокс читанка за сликовница според Space Odity тука. 

10 јануари 2013 - 10:40