ДНК се промовира како иден „магацин" на складирање податоци, во кој во нешто големо колку кутија за чевли, би можел да се смести сиот интернет.
Истражувајќи го овој потенцијал, истражувачите од Универзитетот Вашингтон, во соработка со Мајкрософт, сместиле 200 мегабајти видео, слики и текст на нишки ДНК, во простор „многу помал од врв на пенкало". Освен антологиското дело на Толстој, во нешто што изгледа како необична комбинација на материјали, е складирано и музичко видео од бендот ОК Го и Универзалната декларација за човекови права.
„ДНК е брилијантна молекула за складирање - милиони пати е погуста од другите вакви медиуми, неверојатно е трајна (мислете во милениуми) и никогаш не застарува", вели Луис Чезе, професор по компјутерски науки на спомнатиот Универзитет.
Дигиталните податоци собрани преку разлини канали се очекува да достигнат 44 трилиони гигабајти до 2020. Според сегашната стапка, светот произведува повеќе податоци отколку што има капацитет да ги сочува, па ДНК оттаму е атрактивно решение за овој проблем.
За ова и деталите, во видеото: