Чешкиот независен колектив Мотив направи краток интерактивен стрип, со аудио-визуелни ефекти и анимација. Дејството се одвива во мрачно касино, наречено „Нонстоп бар", а приказната во голема мерка ја одредувате самите, со насочување на дејството, а во еден момент и со составување сложувалка од различни парчиња од неа. Од почеток е малку морничаво, ама после кога ќе се заиграте чувството е како да сте влегле во некој филм на Џармуш.
Интерактивниот стрип тука
Краток трејлер: