Фото серија: маалски кошеви

Додека привршува светското во кошарка, на игралиштата низ светот скокаат деца кои можеби ќе настапат на некое од идните првенства. Има и такви кои чмаат празни, чекајќи некој да им вдахне живот. Сите тие се инспирација за серија фотографии.

Фотографот Крис Табс (Chris Tubbs) прв пат се заинтересирал за спортските игралишта кога во Хавана се прекачил преку ограда на стадион во кој сè било обраснато со коров. Особено му оставил впечаток теренот за баскет, кој бил соголен до коска.

„Она што го видов тој ден ми ги врати детските спомени на нашите игри. Тие често остануваат недопрени, па дури и пренапумпани, додека физичките локации на кои се случувале се загубени или се распаѓаат", вели тој.

По тоа патување на Куба, Табс почнал да ги забележува кошаркарските терени насекаде. Од 2002 тој фотографирал повеќе од 400 од нив во повеќе од 35 земји. Голем дел од кошевите се импровизирани и ставени на чудни места, кои без луѓе изгледаат морничаво. За проектот тој вели дека е посветен на „играта која е толку едноставна што за неа се доволни топка и метален обрач закачен на дрво“. Eве дел од нив, како и локален графит на место каде некогаш имаше кош.

(горе: Бутан)

Куба

Англија

Франција

Франција

САД

Швајцарија

Скопје

12 септември 2014 - 18:05