Глас и Боуви, со децении пријатели и меѓусебни почитувачи, зборувале за сега новото дело непосредно пред смртта на Боуви, како последно во трилогија составена од Симфонијата бр. 1 од 1992 (базирана на Low) и Симфонијата бр. 4 од 1996 (базирана на Heroes), кои ја следат линијата на Берлинските албуми на Боуви и Ино. Но таа како нотен запис се комплетира дури сега, а на сцена во Европа и во САД се очекува следната година. Делото е нарачка на лондонскиот центар Саутбенк, филхармонискиот оркестар на Лос Анѓелес и Дрезденската филхармонија.
13-тиот албум на Боуви од 1979 и последен од тн. „Берлинска трилогија“, „Лоџер“ е направен во соработка со Брајан Ино. На времето беше оценет како „еден од најслабите, фуснота на Heroes" или „збир отпадоци од претходни стилови со повремени проблесоци на генијалност“. Но според Глас и овој, како и сите негови албуми, е слика на огромниот талент на Боуви како композитор, поради што е необично што нема повеќе оркестарски верзии инспирирани од негова музика.
Глас е познат по музички соработки со колеги вон класичната музика, како Рави Шанкар и Пол Сајмон.
Целата Симфонија бр. 4, Heroes (46 мин)
Претходно: „Зборови без музика“ - нов мемоар на Филип Глас (2015)