Прилично веројатно е дека никогаш не сте слушнале за жена по име Шелби Хелен Аделејд. Дури и да ја гуглате, за неа нема многу информации онлајн. А оние кои ги има се поврзани исклучиво со еден откачен изум.
Во 1920-тите, изумителката од Окланд, Калифорнија, патентирала во најмала рака необичен изум и го нарекла „Апарат за извлекување признанија од криминалци и нивно регистрирање“. „Познато е дека признанијата кои првично се добиени од осомничените за кривични дела преку вообичаените канали речиси секогаш подоцна се повлекуваат од нивна страна“, објаснува таа во нејзината апликација за патентот, кој требало да помогне во решавање на овој проблем - што ако, наместо обичен детектив, осомничениот би бил испрашуван од скелет со сјаечки црвени очи?
Изумот функционирал отприлика вака: најпрвин, осомничениот е изолиран во мала и темна просторија. Испитувачот седнува во блиска кабина и му поставува прашања преку мегафон. И тука е финтата - осомничениот наместо да го гледа испрашувачот е соочен со „фигура во облик на скелет“, и да, со црвени очи кои треба да создадат морничаво чувство. Мегафонот, пак, треба да е поставен така за да изгледа како гласот да доаѓа од устата на скелетот.
Зошто баш скелет? Еве што вели изумителката: „Примарната цел е создавање апарат кој може да предизвика илузорни ефекти, кои би го импресионирале субјектот, така за тој да поверува дека тие имаат натприроден карактер. На тој начин испрашувачот, со помош на системот на снимање, може да поттикне исповед и истата да ја регистрира (со комбинација на фотографија и аудио)“.
За жал, овој патент останал на теорија - колку што е познато никој физички не го направил за да се просуди колку навистина би бил ефикасен. А се обложуваме дека би бил.