Албумот е снимен е во тек на само три дена во декември минатата година, во Лондон, ептен блиску до местото каде Стоунси почнаа како млад блуз бенд со свирки по клубови и пабови. Тој е трибјут на сите оние музичари кои имаат повлијаено врз карактеристичниот звук на Стоунси, според продуцентот „тестамент-манифест за чистотата на љубовта кон правењето музика и блузот како извор на сè што прават“. Ерик Клептон свири гитара на две песни, а на албумот се нашол сосема случајно, бидејќи снимал во истиот период во студиото во кое работеле и Стоунси.
Кои се луѓето на кои Мик, Кит, Чарли и Рони им оддаваат почит? Еве некои од нив:
Матис Џејмс Рид, или Џими Рид (1925-1976)
Извршил формативно влијание врз Елвис Присли, Хенк Вилијамс и врз Стоунси. Најголемите хитови ги направил во 1950-тите. Бил тежок алкохоличар, па дур снимал жена му била задолжена да го потсетува на зборовите на песните. Страдал и од епилепсија, но докторите од тоа време погрешно го дијагонстицирале со делириум тременс. На почетокот од кариерата Стоунси свиреле неколку од неговите песни по концерти, а нивниот прв албум од 1964 исто така содржи две преработки (Little by Little и Honest I Do). На новиот албум е нивната верзија на Little Rain. Еве ја во оригинал:
Марион Волтер Џејкобс или Литл Волтер (1930-1968)
Музички иноватор кој стои рамо до рамо со големи имиња како Џанго Рајхарт, Чарли Паркер и Џими Хендрикс. Неговиот прв хит бил „Џјук“ од 1952, по што следеле 14 други топ 10 хитови во шест години. Водел бурен живот и починал на 37 години од повреди во тепачка.
Неговата I gotta go, чија преработка се наоѓа на новиот албум
Вудроу Вилсон „Бади“ Џонсон (1915-1977)
Во 1941 составил оркестар од 9 членови, а подоцна како вокалистка се придружила и сестра му Ела. Постојано изјавувал дека повеќе сака класична музика, но дека „во југот е лебот и путерот“. Компонирал цел блуз концерт, кој бил изведен во Карнеги хол во 1948.
Неговата Just Your Fool од новиот албум на Стоунси и видеото за него
Целата плејлиста на албумот со оригиналните изведувачи:
1. "Just Your Fool" Buddy Johnson
2. "Commit a Crime" Howlin' Wolf
3. "Blue and Lonesome" Memphis Slim
4. "All of Your Love" Magic Sam
5. "I Gotta Go" Little Walter
6. "Everybody Knows About My Good Thing"
Miles Grayson Lermon Horton
7. "Ride 'Em On Down" Eddie Taylor
8. "Hate to See You Go" Little Walter
9. "Hoo Doo Blues"
Otis Hicks Jerry West
10. "Little Rain"
Ewart G.Abner Jr. Jimmy Reed
11. "Just Like I Treat You" Willie Dixon
12. "I Can't Quit You Baby" Willie Dixon