Еве ја содржината на мемо-то, кое самото е лекција за тоа како се пишува упатство - кратко, јасно и без оставање простор за двосмисленост. Не за џабе човекот ја доби Нобеловата за книжевност во 1953. Еве што им порачува тој на своите колеги, но и на политичарите од сите земји и времиња. Генерално, и на чист британски, пораката е - cut the bullshit.
За да си ја завршиме работата, ќе мора да прочитаме куп текстови. Речиси сите се предолги. Ова значи губење време, и трошење енергија на потрага по суштинските поенти.
Барам од моите колеги и од нивните соработници Извештаите да бидат пократки.
1. Целта е извештајот да ги изложува главните поенти во серија кратки и јасни пасуси
2. Ако извештајот се базира на детална анализа на комплицирани фактори, или на статистика, ова треба да биде во прилог, а не во самиот текст
3. Понекогаш најдобро е да не се пишува цел извештај, туку да се направи само список на најзначајни теми, кои ако треба ќе бидат образложени усно
4. Ајде да прекинеме со реченици како „Исто така е важно да се имаат предвид следниве значајни информации...“ или „Треба да се обрне внимание на можноста за спроведување...“. Повеќето од овие фрази се дрн-дрн, кои можат или целосно да се одбегнат или да се заменат со само еден збор. Да не се плашиме да користиме кратки но експресивни изрази, дури и ако тие можат да звучат „разговорно“.Вака ќе заштедиме многу време, а дисциплината на преставувањето на реалните поенти ќе помогне во појасното размислување.