
Тој е голем љубител и проучувач на историјата, а водел емисии како „Временски тим" и „Најлошите професии во историјата". Сепак директна инспирација за неговото творештво му е внуката Холи, која има две и пол години. До сега Болдрик издал 16 книги за деца, што е многу повеќе од бројот на значајни улоги кои ги одиграл во серии и филмови. Сепак е легенда - eве еден негов обид на полето на поезијата, жанр воена, од „Црна змија“.