Улична фотографија

Бела креда железни врати отвара

Јонас Лаклас отвара магични врати на градските улици, само со помош на креда и фотоапарат.

„Има ѕидови низ кои не може да се мине. Тие се тука за да дефинираат теориторија, да ги градат очигледните правила кои го обиколуваат нашиот град. Тие сепак во себе содржат можност за слободно минување низ нив - ако самите ја создадете."

Вака го образложува Лаклас неговиот проект, кој е едноставен, но ефектен. Les Portes е збир портрети на случајни минувачи фотографирани крај врати исцртани со креда, како влез во непознат свет, или излез од рутинското секојдневие. Нацртајте си една до канцелариската маса, одма друго.

 

 

 

3 октомври 2012 - 14:22