Дали сценаријата треба да се оценуваат врз основа на нивната веќе екранизирана верзија, или треба да се читаат независно од конкретната продуција? Како што стихови од пеена песна може да звучат многу поинаку кога се рецитираат, така и сценаријата често откриваат аспекти кои филмовите ги пресокнуваат или ги „поклопуваат“ со визуелното.
Еден од колумнистите кои често ги читаме во Њујоркер се вика Адам Гопник. Презимето звучи некако фино, и некако руски. Второто е точно, но првото не е.
Еден од фаворитите за Оскарот од неанглиско говорно подрачје за оваа година е филмот на Хироказу Коре-еда, кој ја доби и Златната палма во Кан. Иако и критиката и публиката е едногласна во пофалбите на приказната за сиромашно семејство кое посвојува девојче, јапонските политичари повеќе би сакале тој никогаш да не бил снимен.
Начинот на којшто нацијата жали вклучува откажување културни и спортски настани, спуштање на знамињата на половина копје и пуштање соодветна музика на јавни места (кафичи, супер маркети) и по медиумите. Но случајното бирање плејлиста со „класична“ музика од јутјуб знае да биде погрешен избор.
Утрински сурфајќи по телевизиските канали за расонување, во кадар ни прелета Дејвид Атенборо и неколку интересни клучни зборови: биолог, жаби, самоубиство. Не бевме раат дур не прочепкавме за што станува збор.
Дури и во далечната 1948, еден филмски критичар се заморил од повторливите филмски заплети, за кои не знаел веќе што да напише. Ама за еден филм самото му се кажало. Тој антологиски осврт сега е влезен во Гинисовата книга на рекорди, поради својата краткост.
Центри за заштита на животни и зоолошки градини низ светот овозможуваат за одреден надомест луѓето да именуваат животни по своите бивши. А потоа тие животни им се даваат како храна на други. Кај им текнуваат бе вакви работи?
Симболот го гледаме насекаде - во форма на емотикони, балони, перничиња, торти. Но до толку знаеме, дека вистинското срце не изгледа така. Тогаш, како анатомскиот орган станал ?
Во октомври 1853 група луѓе се собрала во Лин, Масачусетс, и почнала да работи на мистериозна машина. Навидум обична метална конструкција, таа била наречена Нов мотор, на кого му се припишувале божествени својства.
Маргините на средовековните ракописи често содржат многу поинтересни приказни отколку нивниот формален текст. Една од нив се однесува на извесна Џоан, или по нашки Јованка од Лидс, калуѓерка која очајно сакала да ја отфрли мантијата.
Mинатата година излегоа ни помалку ни повеќе туку три книги на англиски, поврзани со еден подзаборавен полски уметник и дипломат, Јозеф Чапски (1896-1993). Неговиот живот е одлична илустрација за екстремите на европскиот 20 век.
Прво што помисливме читајќи го насловот е дека дел Торо инкогнито бил во Македонија, и дека ова е неговата пост-фестум порака, со која сака да ни даде сила. Ама изгледа оптимизмот е насушна потреба на светов воопшто.
Кога прв пат прочитавме дека текст на Орвел неодамна е изваден од бункер, си помисливме дека човекот на времето рекол нешто против кралицата, можеби опцул некој сојузник или го најавил брегзит. Ама не, причината за цензура е многу побанална - „варварските“ прехранбени навики на Британците.
„Црн хоризонт“, која се отвара утре, 9.02 во Шарлероа, Белгија, е дело на двајца Руси - Ерик Булатов и Андреј Молодкин, кои на овој начин протестираат против пропагандните машинерии од која и да е земја.
Дисклејмер: текстов е пишуван во состојба на афект по завршување на најновото издание на „Вин-вин“ од 7 февруари, во кое Оливера Трајковска разговара со Горан Бреговиќ. Чуј, разговара!
Хорорите секогаш имале своја ниша во популарната култура, а локално слушнавме дека постои дури и неформално здружение на обожаватели на овој жанр. Но изгледа дека ова не е само прашање на вкус, туку дека желбата да се гледа страшно е дел од поширока човечка приказна.
48-годишната актерка е номинирана за главна женска улога за „Ќе можеш ли некогаш да ми простиш“, прва нејзина драма после куп комедии како „Жештина“, „Шпион“, „Ловци на духови“. Во интервју за Гардијан зборува за нејзините хобитести раце и дека мрази што во 2019 се занимаваме со луѓе што мразат други луѓе.
Минатата година во светот беа одбележани 100 години од смртта на славниот руски композитор. Помеѓу статиите кои излегоа по тој повод една ни остави посебен впечаток, затоа што го претставува во малку поинакво светло - како ревносен запишувач на народни песни.
Студија спроведена од австралиски истражувачи повикува на масовно повлекување на повеќе од 400 научни трудови поврзани со трансплантанција на органи. Причина: сите органи врз основа на кои биле правени трудовите биле неетички добиени од кинески политички затвореници
Бил брилијантен германски актер од времето на немиот филм кој палел и гасел во Холивуд. Но кога продуцентите го отпуштиле затоа што неговиот акцент не бил соодветен за ерата на звучниот филм, си нашол ново вработување. Кај Гебелс.
Феноменот има име - бифазна или бимодална шема на спиење, која се задржала долго во човечката историја. Кога и зошто се случило да почнеме да спиеме цела ноќ?