На која жива личност ѝ се восхитувате и зошто?
На Глорија Стајнем, затоа што целиот живот се труди да им помогне на луѓето.
За која особина најмногу жалите кај себе?
Тоа што не процесирам, не бројам до 10, па да одговорам. Би сакала да го имам темпераментот на маж ми (актерот Бен Фалконе), кој не брза, размислува, а потоа одговара.
Кој ви бил најзасрамувачкиот момент?
На едни дечки кои ми ја правеа оградата им велев дека супер работат. Притоа на мене имав некои чудни пантолани, за кои сфатив дека ми паднале - стоев таму делејќи им комплименти додека пантоланите ми беа паднати до глужд.
Што имате на слика на десктоп?
Моето куче Гледис.
Која би била вашата супермоќ?
Би сакала да можам веднаш да сменам нечие мислење.
Што најмногу мразите физички кај себе?
Имам раце на хобит. Би сакала долги, поелегантни раце, ама ако некому му треба да отвори тегла корнишони, тука сум!
Доколку би можеле да вратите во живот нешто што исчезнало од лицето на земјата, што би било тоа?
Демократијата.
Кој е вашиот омилен мирис?
Ова ќе звучи чудно, ама мирисот на твор. Ме потсетува на растење на фарма.
Што сакавте да бидете кога растевте?
Сакав да правам женска облека. Исто така да бидам уметник - не се сеќавам дека некогаш сум рекла дека сакам да бидам актерка, но се сеќавам дека сум помислила дека тоа може да е забавно.
Кои ваши особини им ги должите на вашите родители?
Мојата самодоверба, самопочит, хуморот, волјата да најдам навистина добар партнер во мојот сопруг. Сè.
Какво е чувството да сакаш?
Има некоја леснотија во тоа. Не е сето пеперутки и ракети, ама чувството е на апсолутна утеха.
Која е најлошата работа што сте ја имале?
Еднаш цел ден чистев остриги без соодветен нож и без ракавици. Морав да одам во болница бидејќи си ги расеков рацете. Не го препорачувам ова за професија.
Кое било вашето најголемо разочарување?
Тоа што во 2019 се уште се занимаваме со луѓе кои мразат луѓе, или луѓе кои сакаат да малтретираат жени. Тоа дека не сме еволуирале.
Кое е вашето најголемо достигнување?
Тоа што имам две силни, среќни ќерки.
Како би сакале луѓето да се сеќаваат на вас?
Со нежност.
Која е најважната лекција која ве научил животот?
Дека малите нешта се толку важни.
Претходно: Букбокс осврт за „Ќе може ли некогаш да ми простиш“