Еден центар за рехабилитација на диви животни од Орегон организира собирање средства под наслов „Фати и пушти“, овозможувајќи им на донаторите да именуваат лосос по своите бивши. Потоа со таа риба се хранат кафените мечки Коди и Јак, кои тежат околу 450 килограми.
И што се 20 долари за задоволството рибјата верзија од твојот бивш/бивша да исчезне во огромната вилица на еден од најголемите предатори? Одзивот на акцијата е толку голем што вработените веќе не можат да постигнат на секој донатор да му испратат фотографија од „егзекуцијата“.
И зоолошката во Ел Пасо има слична програма, под име Quit Bugging Me, во чии рамки може да се именува бубашваба, која потоа им се дава за ужинка на меркатите. И оваа иницијатива се покажала толку успешна што едно време зоолошката морала да престане да прима имиња.
Затоа пак oнаа во Синдеј бара имиња за една од најотровните змии во светот. За да влезат во конкуренција учесниците мораа да пополнат формулар со имињата на нивниот бивш и краток опис зошто тој или таа би биле идеалниот кандидат. Победникот ќе биде соопштен денес, 14.2.