300 години од „Добро темперираниот клавир“ на Јохан Себастијан Бах

Највлијателното педагошко дело на барокниот композитор оваа година полни три века. Иако денес се изведува на модерно пијано, насловот често пати погрешно се преведува како да се однесува на овој инструмент - она на што мислел Бах е нешто поинакво.

Дури и да не сте нешто по класиката, а уште помалку по барокот, сигурно сте слушнале делови од „Добро темперираниот клавир“ во позадина на филмови, на плејлисти на продавници кои сакаат да сигнализираат софистицираност или како ремикси од други композитори. Славната „Аве Марија“ е всушност медитација на воведниот дел на „Добро темперираниот клавир“, компонирана од францускиот композитор Шарл Гуно, сто години по смртта на Бах. Дел се појавува и во интрото на хитот на Лејди Гага од 2009, „Лоша романса“, што е цитат пак од финалето, фугата во Б-мол.

„Добро темперираниот клавир“ е збирка прелудиуми и фуги, 48 кратки дела во сите 24 скали, и молски и дурски. Иако тие најчесто се изведуваат од професионалци, оригиналната идеја на Бах збирката да претставува педагошка алатка за напредни ученици, „во корист и за употреба на музичката младина која има желба да учи, особено за разонода на оние веќе вешти во оваа област“, како што напишал на насловната страница на Првата книга, која ја завршил во 1722.

Дваесет години подоцна, тој напишал втора збирка прелудиуми и фуги во сите скали, со што била комплетирана втората книга. Обата тома се напишани рачно, а за време на животот на Бах биле и рачно копирани. Официјално биле објавени дури педесет години по неговата смрт. 

Насловот на делото, Das Wohltemperirte Clavier, понекогаш погрешно се преведува како да се однесува на пијано. Всушност денес постои консензус дека Бах под „клавир“ мислел на каков било музички инструмент кој користи клавијатура, како чембало, клавирчембало, органа. Не мислел на модерното пијано, иако денес неговото дело се изведува токму на него.

Што се однесува до терминот „добро темперирано“, за модерниот сензибилитет, ова е систематски прирачник за подучување на студенти по клавијатури, кој започнува со прелудиум и фуга во Ц-дур, Продолжува исто така со прелудиум и фуга во паралелната скала, Ц-мол. Потоа следат Ц повишено во дур и мол, па Д и така натаму, до Б мол. На тој начин учениците ги вежбаат сите скали, една по една. Но начинот на кој книгата функционира денес создава впечаток дека оваа логика држела и во време на Бах. Всушност, таа не можела да биде изведувана на клавијатурите од негово време, барем не со радикално нов пристап кон штимањето на самите инструменти за кои биле напишани делата. 

Прашањето е прилично комплицирано и има врска со физиката на музиката, но наједноставно кажано, ако ги замислиме дванеаесетте тонови како часовник, или како 12 парчиња пица, тогаш тие речиси се преклопуваат, но не сосема. Модерните клавијатури користат таков вид штимање кое ги „пегла“ рабовите на пицата, со тоа што ја дели на 12 еднакви делчиња. Овој систем е познат како „рaмномерен“, а во него секој интервал е малку фалш, но не до толку за да звучи ужасно. Дури и вокалистите кои настапуваат со пијано придружба се прилагодуваат на интонацијата на пијаното. Толку долго живееме со рамномерниот начин на штимање што нашите модерни уши тешко можат да ги регистрираат несовршеностите на овие интервали - тие ни звучат токму така, рамномерно. 

Ова бил некаков компромис, кој ги ослободил композиторите и изведувачите од модулирање и штимање среде изведба, додека публиката нестрпливо чека. Истовремено, секоја од скалите имала свој препознатлив карактер, при што Ц-дур (исто како и денес) звучела „весело“; Ц-мол „трагично“; но некои скали звучеле како гребење со нокти по табла (како А-мол). Композиторите во времето на Бах едноставно ги избегнувале. Токму затоа, во музичкиот свет на 1722, еден ваков прирачник во кој консеквентно биле прикажани сите поединечни скали претставувало револуционерен чекор. Тој како индиректно да ни укажува дека уметноста не се состои од одбегнување на ризични интервали или акорди, туку демонистрирање на значајни вистини во врска со природата на звукот и на музиката. Кој знае како би му звучел денешниот начин на нејзино изведување на неговиот неверојатно наштиман ум.

Целата втора книга во изведба на Глен Гулд:

извор

3 ноември 2022 - 08:01