Бавчи › Сандра - Персона нон града

Тие мигранти, а сите ние луѓе

Мигранти мои, сите ве сакам и ви посакувам мирен живот каков што заслужувате. И вие, и вашите дечиња со црни очи, поцрни од вашата раселена судбина.

Сељам алекум. Алекум сељам

Мамо, стани... Надвор се пука

05:10

Спи, сине. Си сонувал. 

Не бе мамо, зарем си глува, зарем не слушаш?

Зошто, Марина?

Ги земаа. Ги однесоа.

Тоа беше последна опомена.

Раце за Ива дадоа, не се исушија

А, вие кои ме прашавте на мејл дали е Ива циганка, подобри ли луѓе станавте?

Кој е крив за смртта на Ива Мирковиќ?

Двегодишната Ива почина во тешки маки, македонски. А можеби и ничии. Таа на овој свет, ниту жива не постоеше. Немаше извод, книшка и матичен број. Откако смрзната и со песок во носето ја најдоа во корито вкочанета, некој се сети да истражува. 

Тоде, прибери се

Жене почнасва да се прибирав, да враќав цицке у насредину распрани спаваќе. Свака зима издрпани ќебиња да покрие краци разголени, квицкав стари шкафчиња од враќање помаранџе у креденци, чикови папуче се редив под кревети. Ќе дошја директор у работну посету.

Дедо Мразе, л'жеш маму ти ебу

Дедо Л'жове, промаши нè поново овуј годину, пошто овде и даље позади свакога успешнога Македонца стои:

- јака жена
- татко му
- три хипотекарни кредити
- едно ванбрачно дете
- партиска књишка
- двоица извршители

Ден на дрвото

Надвор е плус 3 во моментот. На следниот тон ќе биде 4 часот наутро. Ќе осамне уште еден ден. Ден на дрвјата во цут исечени.

Кај ти е кечето?

Пак ли ќе врне? Пак ли касаат мувите?

Зарем времето никогаш не умре? Зарем кругот навистина не е тркалезен?

Ренато го нема

Со посвета на сите 92 лица кои во црните тефтери на МВР се водат како исчезнати. Со посвета на државата која во 2 000 000 луѓе, не доаѓа до траг за тоа во која црна дупка пропаднаа овие лица. Со посвета на исчезнатите, киднапираните, умрените и непронајдените. Со посвета на побитните прашања за тоа, на која страна ќе врти панорамското тркало, хотелите на Водно, парите од ММФ, кредити, статуи и глинени голуби. 

МАНЕКЕН

Децата подло се кикотеа, покажуваа накај моите гаќи полуискинати. Покажуваа кон моите јајца кои висеа бетер од на баба им подбрадокот. Не ми требаше многу да сфатам. Овие си играат курац со мене...

Сега и со листерија нè жигосавте

Погоре напишаното не е порака до некој си. Не е ниту четиво за разонода. Ниту писмо до непознато другарче. Ова е само морален абер до мојот град, преубав. Ова е само одраз на локал - патриотизмот кој не давам да изумре.

Мали је, ал' је техничар

Вози Миќко, јер је мој идол навреме сфатија дека боље сас автобус на курвање, него сас мерцедес на њиву.

It's all about Benjamins

Не вреди даље да се објашњавам.

Толко ми е више од све згадено.

Грлом у јагоде

Сакам мои школски другари Албанци да дојдев поново на исту матурску масу дваесе године стару и непипнату. Сакам. Сакам да виду колко брчке имав на чело, сакам да слушну имав ли работу, паре, деца. Сакам око мое да види бела ли ги е коса, дали се и даље исто гледамо у фармерке и старке, или смо с'га после дваесе године - исти а различни.

Кој е крив?

Г'лтна га залче, погледна у оној Скопско, и све што ми дојде на памет е да га удару туј на лице место и да му се наебу маму, па не затвор, не Европска Унија, триста пичке материне да не признам у своју одбрану. Дојде ли ред Словак што до ичера сануеше да ступне у Виену, мене да ми држи слово, само затој што он носи знаме на коe пишуе "election obserever"?

Китки

Сега сме 2014, но, не бадијала на увид ви го ставам мојот картон за вакцинација. Не за да убедувам да ги вакцинирате или не вашите дечиња, туку да ви докажам дека без тоа, болеста за пол и возраст не прашува. За компликациите уште помалку. Како јас скрцав, не знам, но...

Лези лебе да те еду

Да бидемо искрени, македонска младино... Не ти е систем крив ако падаш на фолови за блгарски пасапорта, богат живот у Европу, и живот налик бајку... Не ти е крива држава што не поштуеш нит чојство, нит сенс за борбу на план на личну и подобру иднину, како и себепромоцију у средину у коју живиш и опстојуеш... Не ти е држава крива ако мајка ти на триесе године ти принаса да едеш, пошто не е зор да стануеш ако веќ немаш работу и не мораш. НЕ.

Boj se ovna, boj se govna, a kada ću živjeti?

И у нама гори ватра Босно моја, ама ние... Нит стечајната маса некогаш поддржавме, нит за едно ебано право овде не се изборивме, нит на Европа среден прст за името покажавме нит бутур, ебати тоа народот и жениве што ни за право на абортус не знаеја на улица да излезат. Сите се набутале по дома и после оф.. Епа оф. За кого е, и малку е.

Afterparty

Шала на страна, кој што сака нека каже, тешко на разведените родители што од кило месо свои деца , во ''човек'' треба да ги израсне. Тешко кога згора на сè, немаш работа, живееш со твоите, си се вратил таму каде што некој твојата соба со непотребштини после свадбата ти ја наполнил, од маса твојот тањир на полица прашњава го вратил, тешко кога не се решаваш на повторна шанса, затоа што свое дете тешко кај вториот избор се носи, тешко е кога живееш во страв од повторно фијаско,  тешко кога општеството не ти дава ни да плачеш нит да се радуваш, тешко кога едноставно сфаќаш дека животот е сѐ, а најмалку заебанција.

Писмо до Дедо Мраза

Дедо Мразе, што друго да ти кажу, а што ти не знаеш?

Македонија е и даље црна овца у бело европско стадо, Грујо се трипа дека ни добро иде, надвор видимо што дишемо, пензионери се и даље клацкав у ЈСП бетер од њини вештачки вилице,попови се играв играчке, па од онолико ''жими крст и кандило'' оно бидна Фејсбук воскресе - ваистина воскресе, све у свему брате брадоњо, да не е Нова Година, ми у Македонију нема што друго да чекамо.

ДОМАЗЕТ

Све е исто, само што уместо у Југу, с'к смо сас исти статус у Европску Унију. Сви не третирав како ПРИПИЗДЕК. Не се викамо РМакедонија него FYROM, немамо право на глас иако давамо свој допринос у много што, немамо право да кажемо дека држава ни е наша, него сви не третирав како европски протекторат, односно, да идев сви тија свекри и свекрве по Европе у триста пичке материне. Three hundred mother pussies.

Со едно тело - седум животи

Давајте потписи додека свеста живот држи, животи спасувајте, транспланирајте се. Со вашите срца, бубрези, мои, твои, сечии - живот вечен во туѓи тела обезбедете. И не се срамете. Црквата и да даде прекор, небитно е. Дали си православец, католик или муслиман, исто е. Во јатото на Свети Петар помили ќе сте. На Кузман и Дамјан другари ќе стaнете.  Живот доле на земјата сте оставиле. Дарувајте рожници, срца, дробови бели, два пара бубрези... Картици донаторски отворете, живот нечиј така продолжите. Од сите крв тече, сите од мајчина утроба, излез во неизвесност бараме.

Све ми мањка, а све ми е некако вишак

Еве има године 12 како т'ј народ од сејачи на генетски модифицирану демократију, свое огњиште не си га знае. На њини њиве, генетски модифицирана мржња и даље расне. И ќе расне... Јер, никој више у државу не ни знае куде е село весело, детски жагор, њиве оставени, куќе запалени, сас силу обновени. Све е тој модифицирано, одземено, намавано. Меѓународна заедница нè сас ГМО још од време на социјализам рани, а да ми не смо свесни колко смо од туј храну подувани,  после све поделени, сас пестициди на етничку базу расцепени.