Сличната звучност на грчкото „ну“ со англиското „new“ е причината за избегнување на 13-та буква.
Кај 14-та, Кси, причината е што таа во латиничната верзија е идентична со името на кинескиот лидер Ши Џинпинг (Xi Jinping) и е често име во Кина, па СЗО сакало да се „избегне стигматизирање на регионот“.
Грчките букви за новите варијанти на Сарс-КОВ-2 беа воведени во мај годинава по препорака на експертски комитет на СЗО. Претходно варијантите се разликуваа според местото од каде тие прв пат се идентификувани.
Пред официјално да биде соопштено, претпоставките веќе беа дека Б.1.1.529 варијантата ќе ја добие буквата Ну, меѓутоа во петокот вечерта СЗО објави дека ги прескокнува двете букви и оди со Омикрон.
Причината за избегнување на Кси заради слично со името на кинескиот претседател не е наведена во соопштението на СЗО, меѓутоа им било објаснето на новинарите.