За маските се менува плочата

Медицинската експертка и аналитичарка на CNN, доктор Леана Вен, две и нешто години беше една од најгласните поборници за носење маски, особено во училиштата. Сега признава дека принудувањето на нејзиното дете да носи маска му наштетило на неговиот развој.

Вен почна да се пишмани пред некое време признавајќи дека маските не делуваат во запирање на ширењето на ковид, дополнително проценувајќи дека „одлуката за носење маска треба да се префрли од државно спроведена задолжителност на индивидуален избор“.

Само два месеца пред тоа, Вен навиваше администрацијата на Бајден дополнително да ги ограничи активностите на невакцинираните. Има кажувано дека невакцинираните треба да осетат некој зорт и дека ним не може да им се верува.

Во таа своја фаза Вен бараше децата што се враќаат на училиште да мораа да носат маски за лице од индустриска класа и да бидат подложени на неделни тестови за ковид додека не бидат целосно вакцинирани.

Сега, Вен открива дека маскирањето на децата има доста негативни страни.

Во авторски текст за „Вашингтон пост“ вели:

„Стана јасно дека целта на која се надевав - капсулирање на ковид-19 - не беше достижна. Овој коронавирус е тука за да остане“.

„Со оваа нова, неодредена временска рамка, проценката корист-ризик на мерките драматично се промени. Бев подготвена да ги ограничам активностите на моите деца една или две години, но не за целото нивно детство“.

Вен исто така признава дека „маскирањето му наштети на јазичниот развој на нашиот син (имал две години кога почна пандемијата и кога таа го повлека од градинка - н.з.), а ограничувањето на вон-наставните и социјалните интеракции негативно ќе влијае на детството на двете нејзини деца а ќе ја попречи и родителската деловна ефикасност.

Само што, се знаеше тоа и претходно.

Британска студија покажа дека многу деца кои влегуваат во основно училиште имаат сериозно неразвиени вербални вештини, а многумина не можат да го кажат ниту своето име. Според логопедите, носењето маски предизвикало зголемување од 364% во давање упати за бебиња и мали деца.

Друга студија откри дека просечните квоциенти на интелигенција на мали деца родени за време на пандемијата се намалиле за дури 22 поени, а страдале и нивните вербални, моторни и когнитивни перформанси.

Трета студија покажа дека заклучувањето во Велика Британија предизвикало околу 60.000 деца да страдаат од клиничка депресија. Бројките покажуваат дека 400.000 британски деца биле упатени кај специјалисти за ментално здравје, за секакви проблеми, од нарушувања во исхраната до самоповредување.

Експертите за образование тврдеа ека принудувањето на учениците да носат маски за лице предизвикува подолготрајна психолошка траума.

„Децата кои ќе наполнат две години се постојано опкружени со возрасни кои секогаш носат маски и не можат да ги гледаат движењата на усните или формите на устата“, се вели во извештај подготвен за потребите на британското Биро за образование.

 

15 септември 2022 - 12:33