Вториот бран ковид-19 нема да чека крај на првиот

Сегашните ковид-19 статистики може да изгледаат ниски само кога во октомври ќе надојде вториот бран на пандемијата. Инаку, се уште сме во првиот бран.

Иако првичното глобално седење дома заврши работа (за тогаш), првото попуштање на мерките против ковид-19 инстантно ја освежи и одново осили пандемијата, па сега постојано слушаме за нови и нови пикови на заразени.

Процената на вирологот Памела Валели од Универзитетот во Манчестер е дека вториот бран во Европа ќе дојде некаде во октомври со надоаѓањето на зимата. Она што според нејзе е ново во однос на почетокот на пандемијата е дека последниов период се повеќе млади лица почнаа да се заразуваат.

Што се однесува на враќањето во училиште, ставот на Валели е дека тоа ќе го зголеми бројот на нови случаи, но и покрај тоа ќе мора да се случи „заради економски, социјални и психолошки причини“.

27 јули 2020 - 14:37