СЗО ќе ги менува упатствата заради дексаметазонот

Светската здравствена организација се израдува на „големата вест“ за дејството на евтиниот и достапен декасаметазон во намалување на смртноста на тешко заболените од ковид-19 и најави промен и во упатствата за треман на болеста.

СЗО ќе ги апдејтира упатствата за во нив да ги вгради сознанијата од големата клиничка студија која откри дека евтиниот стероид може да спасува животи во тешките случаи на ковид-19.

Дексаметазонот е во употреба од 1960-та година и се користи за ублажување на воспаленија од различни болести. Истиот за третина ја намалувал смртноста кај ковид пациентите ставени на респиратор и за една пеетина кај оние на кислородна поддршка.

Иако студијата е прелиминарна, истражувачите зад проектот сугерираат дексаметазонот веднаш да влезе во терапевтскиот треман. Ова е досега прво чаре за намалување на смртноста кај оние на респиратор.

Кај заболени од коронавирус со благи симптоми, не е опсервирано дејството на лекот.

17 јуни 2020 - 10:44