Во ноемвриска публикација на списанието „Вакцини“, Светската здравствена организација поаѓа од претпоставката дека секој скептицизам кон вакцините е „по природа лажен“ и забележува дека ефикасноста на имунизирањето зависи од степенот на прифатеност од јавноста.
СЗО ги повикува владите да користат постоечки напредни алатки со вештачка интелигенција за полесно откривање на сите противници на вакцинацијата, како и да развијат начини како да ги замолкнат.
Алатките за дигитална епидемиологија, како што се системите за следење на инфодемијата VaccineLies и CoVaxLies, нудат увид во трендовите на дезинформации во реално време, овозможувајќи проактивни контрамерки, пишува СЗО.
Овие алатки овозможуваат да бидат етикетирани како „дезинформации“ сите пораки на интернет што не се вклопуваат со политиката на СЗО.
Сите пораки треба да се усогласат со шесте принципи на комуникација на СЗО, осигурувајќи дека информациите се достапни, акциони, веродостојни, релевантни, навремени и разбирливи, за да се зајакне јавната доверба во програмите за вакцинација, пишува во документот.
Освен следењето на „дезинформациите“, се препорачуваат и модели на активна комуникација со јавноста.
Вклучувањето локални лидери, здравствени работници и ветеринари покажаа мерливи подобрувања во прифаќањето на вакцините и довербата. Интервенциите во однесувањето засновани на докази можат да ги надополнат овие пристапи за борба против дезинформациите, се наведува во списокот приоритети на СЗО за кампањите за вакцинирање против грип.