Иако крајно посакуван, нема ништо магично во функционирањето на групниот имунитет кој едноставно ќе служи како бариера која ќе ја намали стапката на ширење на вирусот до ниво кога тој повеќе нема да биде закана за комплетното човеково општество.
Ваквиот исход главно е возможен по две сценарија: масовно заразување или масовно вакцинирање.
Моментално неполни 5% од светската популација се верува дека има / имала ковид-19. Според научниците за групен имунитет неопходно е тоа да биде меѓу 60 и 70 проценти, или околу 4 милијарди луѓе, што со сегашната стапка на смртност подразбира и десетици милиони мртви.