САД финансираа истражување во кое завиден примерок луѓе, цели 5 години ги добивале овие суплементи во разни комбинации, меѓу себе или со плацебо. Научната јавност очекуваше таа студија (поделена во два дела) конечно да фрли целосно светло врз вистинските ефекти на витаминот Д и рибиното масло кои здраво за готово се сметаат како едни од најголемите заштитници на срцето, кардиоваскуларниот систем како и наши силни сојузници против ракот.
Резултатите генерално се разочарувачки.
„Заклучоците и во двата дела се негативни“, вели доктор Лорен Фајн од Институтот за национално здравје, водач на истражувањето во кое биле вклучени 26.000 луѓе постари од 50 години. „Податоците велат дека дека ниту рибиното масло ниту витаминот Д како суплементи не го намалуваат ризикот од срцеви заболувања или рак“.
Од сите срцеви заболувања, единствена статистички значајна врска со овие суплементи е утврдена кај самиот инфаркт, особено меѓу афро-американската популација.
Во целото рибино масло сепак постои една суптанца која е дериват од него а за која се смета дека ги намалува ризичните фактори за срцеви и кардио проблеми. Се вика Icosapent Ethyl и појма немаме кај да ја барате.