Kомпанијата за менаџмнт консалтинг МекКинзи (McKinsey & Company) се согласи да плати 650 милиони долари за да се ослободи од федералната истрага за нејзината помош за драматично бустање на продажбата на ужасниот лек ОксиКонтин, на производителот Пердју Фарма (Purdue Pharma).
Како дел од договорот со американското Министерство за правда, Мекинзи ќе избегне кривично гонење доколку ја плати сумата и почитува одредени услови пет години. Поранешен сениор партнер во фирмата, исто така, се согласил да се изјасни за виновен што бришел документи од неговиот лаптоп, откако станал свесен за истрагите против Пердју Фарма.
Мекинзи соопшти дека „длабоко жали“ што работеле за Пердју.
Од предозирање во САД годишно умираат 80.000 лица. Зад добар дел од опоидната криза стојат озлогласениот фентанил и спомнатиот оксиконтин, кој се издаваше на рецепт, како лек против болки.
Токму тука МекКинзи помагале, да се минимизира спомнувањето на несаканите дејства на лекот и да се следи кaде добро одат рецептите а каде терба да се подбутне. Во 2014 година идентификувале некои мали клиники кои пишувале повеќе рецепти отколку цели болнички системи и предложиле тие канали дополнително да бидат мотивирани.
Од 2021 година, Мекинзи има платено 765 милиони американски долари за државата да заборави за нејзината улога во продажбата на лековите кои предизвикуваат голема зависност. Од своја страна, Пердју фарма пред две годинисе согласија да платат 8,34 милијарди кои државата тешко ќе ги види бидејќи во меѓувреме, покренаа процес за прогласување банкрот.