Истражувањето доаѓа од Данска каде во периодот од 1977-ма до 2010-та се собрани и анализирани примероци на крв од 66.000 луѓе. Докторите ја барале поврзаноста меѓу крвната група и генетските мутации со згрутчувањето на крвта и срцевите удари.
Инаку целата работа околу згрутчувањето на крвта и нејзината спротивност, крвавењето, е поврзана со компонента наречена Вон Вилбрандов фактор.
Лицата со Нулта крвна група го имаат најнискиот Вон Вилбрандов фактор (заради што е поверојатно да крварат); лицата со АБ крвна група го имаат највисокиот (заради што е поверојатно крвта да им се згуснува).
Ова згуснување е и една од клучните причини за срцевиот удар, заради што истражувачите порачуваат дека крвната група треба да биде вклучена во прегледите за тромбофилија.