„Еутаназијата и подготвителниот преглед на нашите членови кои се подготвени да умрат бараат човечка блискост. Меѓутоа, човечката блискост е предуслов и плодна почва за пренос на коронавирус. Затоа од денес наложуваме брзи тестови пред средби во затворени простории“, се вели во соопштението на асоцијацијата на германски клиники за еутаназија.
Во последната ноемвриска недела, најголемата европска економија пријави 1.414 смртни случаи, со што вкупниот број на загинати надмина 100.000. Над 75.000 случаи беа пријавени во еден ден на 25 ноември.
Во пресрет на можниот бран на омикрон варијанта, Германија воведе драконски рестрикции и за невакцинираните кои не сакаат да умрат (Набрзинка види во: Германија ќе им забрани социјален живот на невакцинираните).
Германија ја укина забраната за професионално потпомогнато самоубиство во февруари 2020 година.