- Со новиот предлог невакцинираните нема да смеат да влезат во ресторани, пабови, кина, вежбални, културни настани и не-есенцијални продавници.
- Ќе има и забрана која ограничува средби на максимум две домаќинства истовремено.
- Невакцинираните нема да смеат да припарат ниту до традиционалните Божиќни пазари во регионите во кои тие се уште се отворени.
- Правила кои ќе важат за сите и вакцинирани и не вакцинирани, се затворање на ноќните клубови во најтешко погодените региони и задолжително носење маски во училиштата.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.