Пресметката покажува дека 5,9 милиони Британци чекаат да бидат прераспределени на соодветна нега и специјалист за најразлични болести. Државната ревизија проценува дека за време на пандемијата биле издадени 7,6 до 9,1 милиони помалку упати од вообичаено, заради недостапноста на болниците и стравот од заразување.
Посебна загриженост на ревизијата е што значително се намалил бројот на итни упати за потенцијални случаи на рак, кој во ревизијата е помал за меѓу 240.000 до 740.000 случаи.
Како резултат на ова 35 до 60 илјади помалку луѓе започнале навремен третман за рак, од она што било очекувано за овој период. Што значи дека овие пациенти сега ќе побараат помош за лекување во поодмината фаза.