„Мора да сме свесни дека дури и тројно вакцинираните ја пренесуваат болеста, и тие ќе мора да бидат тестирани, посебно околу ранливите луѓе,“ изјавил првиот човек на Бионтек, Сахин, во интервјуто за Ле Монд.
Сахин признава дека се „далеку од ефикасноста од 95% што ја постигнавме против првичната верзија на вирусот“ и цитира бројки од Јужна Африка, каде две дози од вакцината на Фајзер дава 70% ефикасност во намалување на ризикот од хоспитализација.
Во врска со германската студија која заклучи дека ефикасноста на вакцините против вирусот паѓа за 25% по три месеци дури и со три дози, Сахин изјавил дека ќе почека повеќе податоци околу овие заклучоци.
„Со тек на време ќе се намалува ефикасноста против Омикрон, меѓутоа допрва треба да се измери колку брзо ќе биде тоа. Јас нема моите предвидувања да ги базирам на лабораториски податоци туку на податоци од реалниот живот, кои се далеку посоодветни,“ порачал Сахин.
Бионтек веќе работи на адаптирана верзија на вакцината која треба да биде достапна во март 2022.