Прво дај, без ниту грам сомнеж, да повториме дека тоа што се нарекува кемтрејлс (хемиски траги) всушност се „контрејлс“, скратено од кондензациски траги, односно пареа од вода која кондензира во воздухот и формира вештачки облаци.
„Горивото за авиони е вид на јаглеводород, а кога согоруваш водород, тој оксидира и формира вода, а кога согоруваш јаглерод тој формира јаглерод-диоксид. Најголем дел од тоа што го гледате е пареа од вода, од што најголем дел доаѓа од задниот дел на моторот на авионот и потоа кондензира во еден вид вештачки облак,“ објаснува климатскиот научник од Каренги научниот институт, Кен Калдеира.
Авионите кои летаат на пониски височини, под 8 километри, вообичаено не можат да создадат кемтрејлс затоа што околниот воздух не е доволно студен. И ова е причината зошто некогаш ги гледаме зад авион, а некогаш не, и зошто некогаш побрзо исчезнуваат.
За луѓето што веруваат во заговорот токму ваквата нестандардност на појавата е доказот дека се работи за владина програма за прскање. Освен што не е така.
„Ако леташ над Аљаска, во одредени зимски денови ќе можеш и со мал авион да направиш контрејлс, бидејќи тоа навистина зависи од температурата на воздухот околу авионот, а не од самиот авион. Ако имаш кола што вози на врвот на Монт Еверест, ќе можеш и со кола да направиш контрејлс,“ објаснува Мик Вест, поранешен пилот кој го раководи сајтот МетаБунк.
Калдеира во 2016 ги анкетира водечките атмосферски научници од цел свет. 76 од 77 научници кои учествуваат во ова немаат најдено никаков доказ за постоење на програма за прскање и за секој наводен доказ во кој се верува во заверата постои објаснување од други фактори. Едниот научник појавата ја припишал на „високи нивоа атмосферски бариум во далечни предели кои стандардно имаат ниски нивоа на бариум во почвата.“
Истрајноста на теоријата од Мадерборд ја објаснуваат со „долгата историја на лаги што американската влада и научниците и ги имаат кажувано на јавноста околу опасни хемикалии и тајни експерименти.“
Ако ви се слуша цела емисија на темава, клик тука.