По раскинот на врската, една жена побарала од нејзиниот поранешен партнер, инаку фотограф, да ги избрише еротските слики и содржини настанати додека биле заедно.
На овој не му било тоа баш најлогично па случајот завршил на суд кој пресудил дека тој мора да ги избрише тие слики, без оглед на тоа што ниту некаде ги објавил ниту имал намера да го прави тоа.
Федералниот суд решил дека секој и во секое време има право да решава дали некој ќе има право на увид во неговата приватност, без разлика дали тоа право некогаш веќе било дадено.
Пресудата е принципелно интересна бидејќи е сосема нејасно како судот може да биде сигурен дека е спроведена. Од друга страна, правниот систем во Германија кој е еден од најстрогите чувари на приватноста меѓу европските законодавства ќе треба допрва да ги штелува финесите. Првенствено, да дефинира што сè може да се смета за интимна фотографија и дали правото на нејзиното поседување по дефиниција завршува кога една врска ќе прекине.