Сервисот се вика Осан Рентал и зад него стои еден консултант кој од оваа услуга фино живее од 2012 година.
Фирмата на Таканобу Нишимото изнајмува средовечни Јапонци кои ги добивате за 12 долари на час а нивна единствена задача е да ве трпат: да им се жалите, да им викате дека животот не е фер, да пцуете по држава и гео-политика, да ги оговарате бившите, што ви душа сака. Тие ќе бидат кротки, ќе ве сослушаат а не е исклучено да ви дадат и по некој совет (не се нервирај и сл). Само што се навежбани премногу да не зборуваат бидејќи клиентот платил за тоа.
Нишимото вика дека очекувал неговите услуги најмногу да ги користат млади и осамени луѓе ама испаднало дека најголема побарувачка има меѓу жени до 50 години.
За рентање на располагање се околу 80 средновечни и трпеливи Јапонци кои ги букираат околу 900 пати месечно.