Во градот Еилат на Црвеното море за месецов е закажано одржување на изборот на Мис Универзум, заради што сите учеснички автоматски добија дозвола да влезат во Израел и покрај општата забрана за влез на странци. Еден од условите е дека додека се таму мисиците ќе мора да прават ПЦР тест на секои 2 дена.
„Ова е настан кој ќе биде емитуван во 174 држави, многу важен настан, настан кој му е многу потребен и на Еилат. Ќе знаеме како да го менаџираме настанот. Па, користејќи го комитетот за дозволи, ќе имаме вакви настани, кои државата дала збор дека ќе ги организира и не може да ги откаже,“ изјавил министерот за туризам на Израел.
Изборот за Мис Универзум е закажан за 12 декември.
Претходно премиерот на Израел порача дека Израел мора да ги затвори надворешните граници, за внатре да остане отворен. Откако првично забрани патници од Јужна Африка и седум други африкански држави, Израел по еден ден целосно ги затвори своите граници за странци.