Труден мажи и мулти-расни ракувања се дел од новите емотикони кои се очекува да бидат појавени идната година.
Предлог листата на нови кандидати ја промовираше Јуникорн конзорциумот а имала за цела да промовира повеќе диверзификација.
Конкретно, труден маж и трудно лице ќе бидат вклучени за да се засили родовата инклузивност. Девелоперите најавуваат дека речиси секој емотикон ќе има и родово неутрална верзија.
Расниот елемент е нагласен со бирање боја на рацете кои се ракуваат и ќе постојат вкупно 15 комбинации.
Листата финално треба да биде одобрена во септември а емотиконите да бидат пуштени во оптек во 2022 година.
Во апдејтот од 2019 година беа промовирани првите родово-неутрални емотикони и еднородови двојки.