Полско-шпанска зграда со најархитектура во ЕУ

Изградена во Полска, смислена од шпанското архитектонско студио Барози Веига, салата на филхармонијата во Шчеќин ја добива годинешната награда за архитектура на Европската Унија. Кога нас би не прашале како што не нè прашуваат со две раце би биле за Италијанците.

Победникот го бира неколкучлено жири составено од архитекти кои ги имаат посетено сите 5 кандидати кои влегоа во крајниот избор.

Тие ја "пофалија филхармонија во Шчеќин дека зема нова симболична улога во замената на аудиториумот кој беше уништен за време на Втората светска војна, и го признаваат потенцијалот на објектот да понуди нови шанси за културни и забавни настани."

"Победничкиот проект наоѓа убедлива формална и просторна стратегија за град кој се стреми кон подобра иднина во брзо променливата економија, испорачувајќи достоинство во урбаниот живот и во исто време засилувајќи го специфичниот историски идентитет на градот со современ споменик," пишува во изјавата од жирито.

Главни конкуренти на Полјаците за наградата од 60.000 евра беа Студентскиот центар од црвена цигла за Лондонската школа за економија од O'Донел + Тумеј, и данскиот Поморски музеј во Хелсингор изработен од БИГ.

+ Англичаните

 

 

 

 

 

 


+Данците



 

 

 

 

 

 

Меѓу останатите номинирани Уметничкиот музеј во Равенсбург од германските Ледерер Рагарсдотир Оеи и Винаријата Антинори од Арчеа Асоциати, која е закопана под лозје во Италија.

+ Германците

 

 

 

  

 

 


+ Италијанците

 

  

 

 

 

 

8 мај 2015 - 17:56