Сè поголем е бројот на жртвите во урбаниот сообраќај од редовите на оние зомбија што одат по град со наведнати глави, зјапнати во своите мобилни телефони или распишани на него.
Бидејќи „кој сега ќе ги одучува од глупата и опасна навика“ во холандскиот град Бодегравен почнале да се инсталираат ленти со ЛЕД-сијалички пред почетоците на пешачките премини.
Таквата хоризонтална сигнализација е синхронизирана со другата и треба да ги предупреди дури и зависниците што не дигаат глава од телефоните.
Можеби следни ќе бидат смарт зебри во кои згазнувањето на бело автоматски ќе става лајк на она што моментално го читаш на Фејсбук.
Ама, ќе знае еволуцијата како со нас вакви, не сме ѝ први.