Јавниот базен на отворено ќе биде мало вештачко езерце и е дел од амбициозната реконструкција на реонот околу железничката станица Кингс крос. Трошоците на целиот тој инфраструктурен проект се огромни - околу 4,5 милијарди долари а на самото езерце уште не му се знае цената.
Идејата за градско езерце во кое ќе се плива ѝ припаѓа на словенечката архитектка Марјетица Потрч (по ајварот и ова ни го украдоа Словенците!) а дизајнирано е од ротердамското архитектонско студио Ooze Architects. Во финалната верзија ќе биде долго 40 метри а водата во него ќе се прочистува со затворен и само-одржлив еко систем, во кој клучна улога ќе ја има внимателно одбраната флора.
И да, ако не охриѓани, тогаш барем лондончани ќе добијат парапетче :)